XXXIV Средби на извидници – Велес 2019

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи го 67 годишното постоење на одредот и 70 години извидништво во Велес, во периодот од 6-8.9.2019 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ ги организираше јубилејните традиционалните 34-ри Средби на извидници. Во рамките на овие 34ти Средби на извидници учество земаа следните одреди: ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“, ИПО “Сидро“ и Прв Скопски Извиднички Одред од Скопје, од Куманово ИО “Скаут“, од Прилеп ИО “Феникс“, од Штип ИО “Еквинокс“, од Битола ИО “Молика“, од Кочани ИО “Ластовица, од Крива Паланка ИО “НН-Борче“ и од Виница ИО “Армонија“. Меѓународниот карактер на 34те Средби на извидници го одбележаа гостите од Србија, одредите ИО Мија Станимировиќ и ИО “Краљ Петар“ од Ниш. На овие средби на извидници учество земаа вкупно 150 извидници од гореспоменатите одреди. Овие 34ти Средби повторно беа организирани на темите: ориентацијата и топографија, сигнализација, игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам и сл.

На акцијата беше постигнат следниот пласман:
• Категорија ИСРАЖУВАЧИ/РОВЕРИ: прво место патролата Архитект на ИО “Скаут“ –Куманово, второто место патролата Копачи + Стефан на ИПО “Јадран “ од Скопје, а третото место го освои патролата Орион на ИО “Краљ Петар I “ од Ниш.
• Категорија ИЗВИДНИЦИ: Прво место патролата Ние четворица на ИО “Армонија“ од Виница, второто место патролата на ИПО “Јадран“ од Скопје – “Неаме име“ и трето место патролата Загубените на ИО “Еквинокс“ од Штип.

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ како организиатор на 34те Средби на извидници сака да изрази голема благодарност до нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш за нивната пожртвуваност и професионален пристап кон натпреварувачкиот дел на средбите, со што нивната патрола МИЈА 21 беше најдобра и со надобро изработени и оценети материјали во целокупниот пласман на средбите, но поради старосна граница на дел од членовите на патрола МИЈА 21 мораше да биде надвор од конкуренција.

Во периодот од 1975 до 2019 година, организирани се триесет и четири Средби на извидници, а од кои последните деветнесет беа од меѓународен карактер. Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 67 годишно работење успееа да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер, а сето ова немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку не беше поддршката и од бизнис секторот од Скопје и Велес.

ri2

ri1

ri3