VIII коло од Извидничка лига – с. Голозинци, Велес

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи го своето 66-годишно постоење, во периодот од 07 до 09.09.2018 година, ги организираше традиционалните 33-ти Средби на извидници во близина на Извидничкиот центар “Голозинци” во с. Голозинци, Општина Чашка. 33-те Извиднички средби беа од меѓународен карактер, на кои имаше и гости од Република Србија, поточно од Ниш и Шид.

 

Во рамките на средбите беа организирани натпревари во рамките на VIII-то коло на Извидничката лига на СИМ, на кои учествуваа одреди од: Скопје, Свети Николе, Куманово, Прилеп и Штип.

16299294_763236697220453_6912912927199567191_n
„Во периодот од 1975 до 2018 година, успеваме да организираме триесет и три средби на извидници, а кои што последните осумнаесет беа од меѓународен карактер. Овие 33-ти средби ги организираме повторно на тема ориентацијата и топографија, сигнализација и игра, како метод на работа во традиционалниот скаутизам.“, велат од ИО „Димитар Влахов“ од Велес.

 

Категориите на извидници кои учествуваа во VIII-то коло на Извидничката лига беа: Извидници, Истражувачи и Ровери, додека типот на натпреварување на ова коло беше тридневно логорување со натпревари од ориентација и топографија, едукативни активности и живот во природа.

 

На VIII-то коло беа постигнати следните резултати:

• Категорија РОВЕРИ: Првото место го освои патролата на ИО „Мија Станимировиќ“ од Ниш – „Алфа“; второто место ѝ припадна на екипата на ИПО „Јадран “ – „К & G“ од Скопје, додека третото место го освои патролата на ИО „Краљ Петар“ од Ниш;
• Категорија на ИСТРАЖУВАЧИ: Првото место ѝ припадна на патролата на ИПО „Јадран“ – „Чоколадни девојчиња“, додека второто место, исто така заврши во рацете на ИПО „Јадран“ од Скопје – кај патролата со име „Копачи“;
• Категорија ИЗВИДНИЦИ: Првото место заврши кај екипата на ИО „Гоце Делчев“ – „Преживарите на Гојчо“, второто место кај екипата на ИПО „Јадран“ од Скопје – „Ај погоди“ и трето место кај патролата на ПСИО – „Рисови“.

 


Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 65 годишно работење успеаја да докажат дека се извиднички одред кој знае да организира и да реализира активности од меѓународен карактер, додека сето тоа немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку, како што тие велат, не била поддршката од бизнис секторот од Скопје и Велес .