Trashtag challenge

По повод месецот на планетата Земја, Сојузот на извидници на Македонија ги предизвика своите одреди и поддржувачи да го реализираат актуелнито trashtag challenge. ИО Еквинокс Скаут го прифати предизвикот и успешно го реализираше истиот. Воедно, покрај успешно реализираната акција придонесоа кон подигање на еколошката свест кај граѓаните и се надеваме дека ова е одличен начин да се упати апел до јавните претпријатија.

sv.n

sv.n2

sv.n6

На ден 22.04.2019, по повод “Денот на планетата”, извидниците од Извиднички Одред Гоце Делчев во соработка со Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе и локалните училишта спроведоа уште една акција за чистење, овојпат во Новиот парк.

екв

екв6

екв7

Уште еднаш Извидниците се погрижија за почиста и поубава средина и со сопствен пример покажаа како треба да се грижиме за нашата средина и нашата Планета. Благодарност и до сите граѓани кои се придружија и пружија поддршка, со што нѐ мотивираа да работиме уште повеќе и подобро во иднина!