СИМ НА ВТОРИОТ СВЕТСКИ ИЗВИДНИЧКИ ЕДУКАТИВЕН КОНГРЕС

world scout education congress wosm scout association of macedonia - svetski izvidnichki edukativen kongres sojuz na izvidnici na makedonija

ПОДГОТВЕНИ: За промени во Светот

Вториот Светски Извиднички Конгрес за Едукација (World Scout Education Congress) се одржа од 11 до 15 мај 2017 година во Кандерштег, Меѓународниот Извиднички Центар, Швајцарија.

Ова второ издание на настанот беше фокусирано на основната дејност на извидници. Конгрeсот даде осврт на она што треба да се случува во областа на Програмата за млади и возрасни ресурси, со цел да се подготват за менување на светот во кој живееме. Исто така, помогна да се сподели фокусот за образовни методи во целиот свет од 2017 година па натаму.

Присутни беа над 260 учесници од повеќе од 100 Национални Извиднички организации членови на Светската Организација на Извидничкото Движење (WOSM), волонтерите на Кандерштаг Меѓународниот Извиднички центар, тимот за испорака, тимот за планирање … и сите заедно го направија овој Светски Извиднички Конгрес успешен!
Претставник на Сојузот на извидници на Македонија беше Снежана Јанковиќ, член на Старешинство на СИМ.