Skip to content Skip to footer

Што е Светска извидничка академија?
Светската извидничка акaдeмија е нова виртуелна платформа имплементирана од Светската организација на извидничкото движење (WOSM), која е наменета за учење и размена на искуства на извидниците насекаде низ светот.
Сесиите кои што ќе се одржат во склоп на оваа академија ќе бидат фокусирани на повеќе теми, вклучувајќи технологија за поврзување на локалните организации и одреди, менаџирање на стрес и благосостојба на волонтерите, клучни компетенции за младите луѓе во денешниот модерен свет итн.
Академијата е дел од планот на Светстката извидничка организација за поддршка на националните извиднички сојузи во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот во нивните организации, во спроведувањето на извидничката програма, како и поддршка на локалните заедници.

Кога и каде ќе се одржува?
Светската извидничка академија ќе се оджува целосно онлајн и ќе трае 8 недели. Истата започна на 20ти јуни 2020год., а завршува на 9ти август 2020та година. Академијата ќе се спроведува преку веб стрната https://learning.scout.org/.

Идејата и целта на СИА
Идејата за Светската извидничка академија произлегува од околностите во кои се наоѓа светот моментално. Несомнено пандемијата предизвика огромни промени во
општеството, а и во извидничките организации ширум светот. Ова не треба да не натера да се откажеме и со заеднички сили треба полека да се вратиме во новата реалност. Целта на оваа академија е да ги осопособи раководствата на националните сојузи и возрасните во извидништвото успешно да ги водат своите организации после
пандемијата.

За кого е наменета?
Светската извидничка академија е специфично дизајнирана за раководствата на националните сојузи како публика и последователно ќе биде проширена и ќе им обезбеди релевантни можности за учење на сите возрасни во извидништвото, за роверите, истражувачите, односно водачите на одредите.

Зошто да бидете дел од оваа СИА?
На оваа академија можете да се поврзете со извидници од целиот светот, да размените добри практики, да откриете нови можности, да научите нови вештини и да се инспирирате, а сето ова ќе ви помогне успешно да ги водите вашите извиднички одреди и да го продолжите извидничкото движење во новата социјална реалност по COVID19 пандемијата.

Како да се регистрирате?
1. Посетете ја веб странта на Светската извидничка академија преку следниот линк https://learning.scout.org/.
2. Кликнете на копчето SIGN UP во горниот десен агол.
3. За можете да се регистрирате за Светската извидничка академија треба да имате профил на https://www.scout.org/.
Тој профил може да го креирате користејќи Facebook или пак со е-меил. Доколку сметате дека поедноствно за вас е со Facebook, тогаш слободно работете на тој начин.

Програма
Програмата на академијата е поделена во 2 дела односно: сесии за раководството на сојузите (22ри – 28ми јуни) и сесии за возрасни во извидништвото – ровери, истражувачи водачи на одредите и сл. (29ти јуни до 9ти август).
Секој учесник може да одбере некоја од „патеките за учење“. Темите можете да ги погледнете на сликата или пак да дознаете повеќе за целата програма на следниот линк https://learning.scout.org/agenda.

Кога ќе одберете некоја од патеките ќе можете да ги градите своите капацитети на одредени теми. На секоја од „патеките за учење“ можете да изберете од низа на видеа кои се понудени со врска со тематиката, а истите се достапни во секое време, така што ќе можете да ги вклопите во својот распоред. Во викендите пак, ќе има
онлајн интерактивни сесии на кои што ќе имате можност да се поврзете со експерти во своите области и со ваши врсници од целиот свет.
Секако, овие онлајн програми ќе бидат снимени и ќе ви бидат на располагање и по нивното завршување. За времето кога ќе се одржуваат сесиите, како и информации за сите теми, можете да го посетите горенаведениот линк.

Останете безбедни
Светската извидничка академија е одлична можност за сите возрасни во извидништвото во овие исклучителни околности. Од есенцијално значење е сите
учесници на академијата да останат безбедни кога се вклучени во активностите.
Сите заедно сме одговорни за креирање на безбедна околина каде што ќе се
забавуваме и ќе бидиме почитувани.
Користењето на интернетот има доста ризици, вклучувајќи безбедност на лични
податоци, закани и слично. За да бидете заштитени и да имате можност да
реагирате при различни видови на опасности потребно е да се запознаете со
Кодексот за однесување на Светската извидничка организација, кој можете да го
најдете на следниот линк https://www.scout.org/sites/default/files/library_files/Code%20of%20Conduct%20of%20WOSM.pdf.
Доколку ги прекршите правилата и ги повредите правата на било кој учесник, ќе
бидат превземени ригорозни мерки и вашиот профил ќе биде избришан или ќе
подлежи на понатамошна истрага од стрнана на Safe From Harm тимот.
Ако чувствувате дека некој ги има прекршено вашите права, најпрво доверете му
се на некого на кого му верувате, потоа можете да испратите емаил на кој ќе
објанете што се случило на следнава емаил адреса safe.academy@scout.org .
За да дознаете повеќе за безбедноста посетете го следниот линк
https://learning.scout.org/safe-academy

 

Не ја пропуштајте оваа уникатна можност! Регистрирајте се,
изберете „патека за учење“, научете нови вештини и бидете
оние кои што создадаваат подобар свет и покрај пандемијата!