СОЈУЗУВАЊЕ

avantura-na-planina-izvidnici-scouts-makedonija

Сојуз на извидници на Македонија како дел од својот проект за поддршка на извидничките одреди и нивно зајакнување, кој е поддржан од страна на Civica Mobilitas, го организира настанот Сојузување.

Сојузување е настан кој СИМ го организира чија цел е извидниците и младите да доживеат една заедничка авантура на планина за време на која ќе имаат можност да се стекнат со нови искуства и која ќе им овозможи на младите да се запознаат со извидништвото во Македонија преку активности и дружење.

Настанот ќе се одржи на повеќе локации, од кои една од нив е извидничкиот дом во с.Градовци во Зелениково, а ќе започне на 10ти март и ќе заврши на 12ти март.

Агендата на настанот е следната:

  • хајк во околината на извидничкиот дом во с. Градовци, Зелениково
  • рафтинг по реката Вардар на релација Зелениково – Велес
  • преноќување во шатори
  • дополнителни извиднички и забавни активности

Учесниците на настанот ќе бидат поделени во тимови чии ментори ќе бидат извидници кои ќе ја превземат улогата на водачи за време на целиот настан.

Учеството на настанот е бесплатно и на сите учесници ќе им бидат обезбедени оброци за време на настанот, како и сите материјали потребни за извршување на активностите се обезбедени од организаторот.

Пријавувањето е отворено за сите млади и извидници од 16 до 29 години. За извидниците пријавувањето е на одредско ниво, додека сите останати заинтересирани млади треба да ја пополнат следната онлајн форма најдоцна до 3ти март за да бидат регистрирани како учесници.

Линк до онлајн форма: https://goo.gl/forms/2Z37v810OxfgY6to1

Следете не за повеќе информации кои ќе следат за настанот!

 

Лице за контакт: Ангела Николиќ, angela@scout.org.mk