СОЈУЗУВАЊЕ

sojuzuvanje-sojuz-na-izvidnici-13

Сојуз на извидници на Македонија како дел од својот проект за поддршка на извидничките одреди и нивно зајакнување, кој е поддржан од страна на Civica Mobilitas, го организира настанот Сојузување.

Сојузување е настан кој СИМ го организира чија цел е извидниците и младите да доживеат една заедничка авантура на планина за време на која ќе имаат можност да се стекнат со нови искуства и која ќе им овозможи на младите да се запознаат со извидништвото во Македонија преку активности и дружење.

Повеќе од 40 млади учествуваа на активностите кои беа дел од овој настан, и тоа од ИО Феникс Прилеп, ИПО Јадран, ИПО Галеб, ИО Браќа Миладиновци, ИО Мирко Милески од Кичево, ПСИО, ИО Пионер од Охрид како и млади од градовите Штип, Кичево, Скопје и Прилеп.
Активностите кои беа дел од агендата на овој настан опфатија рафтинг на реката Вардар од Зелениково до Велес, хајк, стреличарство и други игри и активности.

Преку ден активности, а навечер логорски огран, гитара и песна во дворот на Извидничкиот Центар Градовци, каде беа сместени во шатори сите учесници на Сојузување.

Овој настан беше поддржан и од Армијата на Република на Македонија кои ни помогнаа за време на рафтингот како и останатите активности.