ШКОЛА ЗА ВОДАЧИ 2016

Од 24ти до 30ти јуни во Извидничкиот Центар Охрид се одржа Школа за водачи организирана од Сојузот на извидници на Македонија.

На оваа школа земаа учество 34 учесници од извидничките одреди кои се дел од СИМ, а и неколку млади и нови извидници кои се дел од иницијативите за нови одреди во градовите Штип и Крушево.

Како дел од програмата на оваа школа беа опфатени теми како планирање, одговорност, личен развој и многу други, а освен тоа организиран беше и дводневен хајк до манастирот св. Атанасиј, во близина на с. Рамне.shkola-za-vodachi-leadership-training-scouts

Во текот на 7те дена извидниците имаа можност преку практични сесии и работилници да се запознаат со тоа што значи да се биде водач, кои се неговите одговорности, како изгледа совршениот водач и како да се стремат да бидат најдобрите водачи до сега.

Извидниците слушаа за водењето патроли од повеќе тренери и инструктори, и тоа Благојче Секулоски (ИО Мирко Милески), Горан Ѓорѓиев (СИМ), Филип Уневски (ИО Зага), Владимир Костовски (ИПО Јадран), Илија Алаѓозовски (ИПО Галеб), Ангела Николиќ (ИПО Јадран), Анастасија Николовска (ИО М.М. Брицо) и Елвис Тодоровски (ИО Пионер).

Previous Image
Next Image