ШКОЛА ЗА ОРИЕНТАЦИЈА

Од 3ти до 5ти март во Извидничкиот Центар во Охрид се одржа Школа за ориентација, на која учествуваа извидници од цела Македонија.

Школата за ориентација беше поделена на две нивоа, односно на основен и напреден курс. Оние кои за прв пат учеа за ориентација се запознаваа со топографијата, бусолата и учеа како се црта интинерер и пишува извештај. На напредниот курс освен што ги повторија основите на топографијата, извидниците се запознаа и со материјалите кроки, профил, скица и извештај.

shkola za orientacija izvidnici сојуз на извидници на македонија школа за ориентација бусола м53

Овој настан беше организиран со цел, извидниците да се запознаат со ориентацијата и да започнат со припремите за Извидничката Лига и првото коло кое ќе се случи во април.

школа за ориентација предавање на извидници топографија sojuz na izvidnici na makedonija сојуз на извидници на македонија

Заедно со припадниците на Армијата на Република Македонија и нашите волонтери и инструктори, беа организирани и реализирани едукативните и интерактивни сесии.

школа за ориентација АРМ извидници

 

На Школата за ориентација пристигнаа повеќе од 100 извидници, дојдени да научат што повеќе за ориентацијата, а си заминаа повеќе од 100 извидници подготвени за на стаза, со знаење да ракуваат со мапа и бусола и подготвени за натпреварување на извидничката лига.