Sex, Scouts & Rock’n’Roll

Втората половина од месец мај 2019, Прв Скопски Извиднички Одред поддржан од Град Скопје и ХЕРА, продолжи со имплементација на едукативниот проект Sex Scouts & Rock ‘n’ Roll 2019 кој цели кон добивање анализа на постоечкиот пристап за сексуална едукација кон младите на локално ниво како и разгледување и препорачување на конкретни активности. Ги посетија школите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Кочо Рацин“ и „Лазар Танев“ каде учениците, но и дел од професорите навистина со големо внимание, посветеност и интеракција ја проследија нивната презентација. Средношколците од Скопје ќе имаат можност да се запознаат со темата сексуалното здравје преку забавен, интерактивен и иновативен начин. Волонтерите од ПСИО ќе пружат едукација за правата на младите, преку обезбедување на информации, знаење и вештини на живеење како и зголемен пристап за информираност каде сè можат да се обратат и побараат услуги кои се по мерка на младите.

sex2

sex3

sex4

sex6

sex7