Skip to content Skip to footer

Првата размена во рамките на “Scouts United”, се одржа во Извидничкиот Центар Охрид од 5-ти до 9-ти декември и беше организирана од Првиот Скопски Извиднички Одред во партнерство со ИО Младен Стојанович – Приједор, ИО Гојко Крушка – Цетиње и извидниците од Ниш. На размената присуствуваа 32 учесници, односно 8 млади извидници од секоја партнер организација.
Оваа размена беше посветена на активности за тим-билдинг, младински активизам, интеркултурен дијалог и учење, комуникациски вештини, решавање на конфликти, дијалог за мир и диверзитет и инклузија. Целта на проектот е да се зајакнат младите луѓе од извидничкото движење во создавање соодветна мултикултурна мрежа и овозможување на средина за регионална младинска соработка.

 

6675abb8-fc22-4062-b12f-228322b05025