Road Taste – Mont Saint Michel (France)

Сојузот на извидници на Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Франција и Сојузот на извидници на Германија во периодот од 12 до 26 Јули 2014 во Mont Saint Michel, Франција ќе организира меѓународен извиднички камп за Ровери (извидници на возраст од 17 до 22 год).

Целта на кампот е да се поттикне интернационална и интеркултурна размена, да се споделат практиките во работењето и програмите на роверите како и да се промовира Rоverway 2016 , Европскиот супер настан за ровери извидници кој ќе се оддржи во Франција во 2016 година.

Учесниците на капот преку заедничка работа ќе соработуваат и изведуваат активности кои целат кон развој на заедницата и вмрежување на роверите од различена културна позадина. Сојузот на извидници на Македонија на овој настан ќе испрати 10 извидници (ровери) на возраст од 17 до 22 години кои 14 дена ќе учат, ќе се дружат и ќе разменуваат искуства со своите врсници од Германија и Франција. Котизацијата за учество на овој настан изнесува 75 евра по учесник, со вклучена контингентска опрема и активности.

Право на учество на овој настан имаат извидници од 17 до 22 години кои се членови во одредите членки на СИМ. Пријавувањето се врши со пополнувањето на апликацијата која е во прилог (содржи основни информации и кратко мотивационо писмо) и испраќање на email адресата jane@scout.org.mk најдоцна до 18.04.2014 (Петок) . Во случај да се пријават поголем број на учесници, селекцијата ќе ја прави Бирото и канцеларија на СИМ, а во предвид ќе се земат еднаквата полова застапеност како и одредска припадност.

Доколку имате било какви прашања контактирајте го Интернационалниот комесар во Бирото на СИМ – Јане Плавевски или Канцеларијата на СИМ. Сите избрани учесници ќе учествуваат на припремен тренинг пред заминувањето во Франција. Целокупна поддршка и информациии може да добиете и од волонтерот од Сојузот на извидници на Франција кој момнтално работи во СИМ- Сем Боутарин.

Преземете апликација:

Aplikacija za ucestvo na Road test Roverway 2014- Mont Saint Michel