Skip to content Skip to footer

Со оглед на тоа дека се очекува за време на летната сезона намалување на мерките и можност за патувања во рамките на државата, Сојузот на извидници на Македонија реши своите програмки активности да ги реализира, преку имплементација на сет на мерки за претпазливост и заштита на децата. Иако децата не се најпогодени од вирусот, сепак постои опасност за нивна изложеност. Бидејќи во моментов не постојат детални правила и насоки за организирање на ваков вид на настани, врз база на досегашните протоколи и мерки, и врз база на искуството на сојузот, како и искуствата на сојузите на извидници од европските држави, изготвивме документ предлог протокол за организирање на летни кампови и активности.

Предлог протокол изготвен од страна на СИМ, а испратен до здравствените институции, со цел носење мерки и соодветна подготовска за организирање на активности во летниот период. Предлог протоколот е испратен до Министерство за Здравство, од кои очекуваме коментари и зелено светло за негово имплементирање.

Изготвени документи:
Дополнително ќе се изработат сет на правилници и флаери за информираност на потенцијалните учесници и нивните родители и старатели, со цел сите да се запознаат со моменталната ситуација, опасностите и мерките.
Напомена: доколку државните власти дадат мислење ваквиот вид на активности во целост да се забранат и да не се оддржуваат, Сојузот на извидници на Македонија ќе се придржува до истите.
 
Screenshot_1