Повик за 20 младински работници кои ќе спроведуваат младински програми во период февруари-мај 2017

Центар за младински активизам Цма Крик и Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ и Европската Унија (ЕУ).

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 ќе се организираат 10 младински програми, по една во Кичево, Свети Николе, Тетово, Битола, Гевгелија и 5 во Скопје. Секоја од 10те младински програми е составена од 12 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари-мај 2017. Една работилница трае 2 часа. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 10 до 18 години кои се со попреченост и без. Темите кои ќе се обработуваат на работилниците, младинските работници ќе ги осмислат заедно со организаторите, откако ќе бидат селекетирани согласно локалните потреби за развој на младите и вештините на младинските работници.

За таа цел, отвараме повик за младински работници кои ќе спроведуваат младински програми.

Во парови од 2ца младински работници, откако ќе бидат селектирани, задачите на младинските работници се следни:

  • Да учествуваат на обука за младински работници која ќе се спроведе од 02ри до 5ти февруари 2017 во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да подготват програма за работа, план на работилници кои ќе ги спроведат и повик за учесници;
  • Да спроведат 12 работилници наменети за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години во период од февруари до мај 2017. Еднаш неделно треба да се реализира една работилница;
  • Да го следат развојот и потребите на младите луѓе во текот на времетраење на програмата;
  • Да учествуваат на дводневен евалуационен настан наменет само за младинските работници во месец мај во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да им помогнат на учесниците да организираат финален настан со кој ќе ја затворат програмата а ќе се случи во месец мај;
  • Да учествуваат на настан во Скопје на 30 и 31 мај да ги презентираат резултатите од програмите и
  • Да поднесат евалуациони документи за програмата.

За сето горе наведено, младинските работници добиваат:

  • 2 обуки (една на почетокот на програмите, една на крај);
  • постојано менторирање на процесот и поддршка;
  • техничка и логистичка поддршка;
  • надомест од вкупно 5700 мкд за целата програма и
  • можност за понатамошно ангажирање во наредните активности на проектот, Крик и Сојуз на извидници на Македонија.

Профил на младински работници кои ни е потребен:

  • Младински работници кои имаат дизајнирано и спроведувано програми за личен и социјален развој на млади лица минимум 1 година односно минимум 20 работилници/настани;
  • Младински работници кои имаат знаење и вештини за работа со млади на нивниот личен и социјален развој;
  • Младински работници кои знаат да ги идентификуваат потребите на младите;
  • Младински работници кои работат во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
  • Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност, а во одредени географски поддрачја и услов;
  • Возраст од најмалку 18 години.

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на тимот на младински работници кој ќе го спроведува овој циклус на младински програми аплицирајте на следниот линк најдоцна до 30.01.2017.