ПОВИК ЗА ВОДАЧ НА КОНТИНГЕНТ НА СИМ НА ЗЛЕТ 2017

Во периодот од 1ви до 10ти Август 2017 година во Словенија ќе се одржи 15тата Смотра на Сојузот на извидници на Словенија (ZTS). Смотрата ќе се одржи во околината на Велење, Словенија.

Програмата за време на смотрата е наменета за извидници на возраст од 13 до 18 години, а сите останати извидници над 18 години ќе му се приклучат на меѓународниот сервисен тим (IST/STAFF).

Со цел што е можна подобра подготовка и промоција на овој настан, СИМ отвора повик за водач на контингент на ЗЛЕТ 2017.

Пријавувањето е заклучно со 31ви јануари 2017 со испраќање на пополнета апликација на jane@scout.org.mk, а повеќе информации околу истото можете да прочитате во документот подолу.

Повеќе информации околу настанот можете да пронајдете на zlet.taborniki.si.

Апликација за пријавување

1. Povik za vodac na kontingent na ZLET 2017-page-001 1. Povik za vodac na kontingent na ZLET 2017-page-002