Participation on the 9th Serbian Scout Jamboree

Сојузот на извидници на Македонија зема учество на 9та Смотра на извидници на Србија, која што се одржа во Бела Црква во периодот од 25.7 – 4.8.2014 год. Македонскиот контингент го сочинуваа 30 извидници од кои 12 извидници од И.О.Димитар Влахов – Велес, 12 извидници од И.О.Мирко Милески – Кичево како и пресдставници од И.О.Наум Наумовски Борче – Крива Паланка и канцеларијата на Сојузот на извидници на Македонија.

Македонските извидници беа сместени во населбата Дунав, каде заедно со домакините од И.О. Мија Станимирович од Ниш нашите извидници во населбата Дунав работеа и се дружеа заедно со извидниците од Белград, Зечар, Мајданпек, Бања Лука и извидници од Кралството Велика Британија.
site
На оваа смотра извидниците учествуваа на голем број на работилнци преку кои се манифестираше креативноста на младите и неформалното образование.

Старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, Ангелче Гушев беше контингент лидер на македонските извидници и оствари средби со заминик министерот за спорт и млади г-га Снежана Клашња и Градоначалникот на Бела Црква.
10424978_10202151293811347_7546975534291981730_n
Поради лошите времески услови и големи и обилни врнежи за време на Смотрата дел од Македонскиот континент три дена порано ја напушти Смотрата во Бела Црква. И покрај тоа треба да нагласиме дека македонските извидници се преставија максимално добро во сите програмски активности со кои ја докажаа квалитетната одредска активност во текот на цела календарска година, а смотрата беше место каде што тоа само го потврдија.
10537169_545174285610478_5808343796606749994_n
На смотрата учество земаа 1500 извидници од Србија и 14 држави од Европа.