Outdoor Festival 2019

Спортскиот клуб Клисура, заедно со општина Демир Капија, 6-ти пат по ред го организираат интернационалниот фестивал за спортови во природа – Outdoor Festival 2019.
Оддржувањето на сите спортско-рекреативни и други активности во склоп на фестивалот се одржаа во прекрасната и раскошна природа на територијата на општина Демир Капија. Целта на овој голем настан е преку рекреативното спортување во природа и дружење, и ширењето на позитивните вибрации да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн. Извидниците од Првиот Скопски Извиднички Одред, како и секоја година, земаа активно учество и уживаа во програмата, а годинава и се закитија со некој медал.

демир1

демир2

демир4

демир6