My Europe My Say

My Europe My Say е иницијатива предводена од Европскиот регион на Светската организација на извидничкото движење. Таа има за цел да го поттикне учеството на младите во претстојните европски избори во мај 2019 година и да го зајакне чувството за граѓанско учество меѓу извидниците и неизвидниците.

Посилен младински глас во политиката е потребен за да понуди попозитивен контра-наратив. Извидниците отсекогаш биле во првите редови на позитивните промени во нивните заедници и време е да ја преземат нивната граѓанска определба на повисоко ниво. Им понуди на извидниците и неизвидниците простор за да ги соопштат своите ставови за подобра Европа. Тоа придонесува за поставување на политичка агенда која ги опфаќа аспирациите и грижите на младите во целост.
Поконкретно, проектот има за цел да ги поттикне вредностите на политичкото учество и лидерството на младите. Ќе ги постави темелите за поголем и поодржлив граѓански ангажман, кој оди подалеку од рамките на европските избори.

5-дневниот настан, со акцент на важноста на младинското учество во Европа, со страничен фокус на претстојните Европски избори 2019, ги собра учесниците кои сакаат да учат за европската политика и процеси. Потоа, учесниците потоа ќе креираат акционен план кој ќе може да го спроведат во нивниот извиднички одред и со своите врсници да мобилизираат млади луѓе околу прашањата за учество на младите.

20190220_115144

NEMS (7 sur 84)

NEMS FB (2 sur 34)

NEMS FB (19 sur 34)