Можност за волонтери на WSC 2017 во Азербејџан

world scout youth forum world scout conference azerbaijan

Во текот на ова лето во август 2017 во Азербејџан ќе се оддржуваат низа активности организирани од WOSM од кои најголемата е Светската Извидничка Конфереција.

Светската Извидничка Конференција (World Scout Conference) е водечкото тело, „собранието“ на извидништвото, а дел од него се членовите на Светската Организација на Извидничкото Движење: Националните Извиднички Организации.
За потребите на истата, Сојузот на извидници на Азербејџан има отворено конкурс за меѓународни волонтери кои би помогнале во реализација на активностите. Сите трошоци за овие меѓународни волонтери се покриени.
Што се ќе се случува во август во Азербејџан:
  • 13ти Светски Извиднички Младински Форум (13th World Scout Youth Forum), Габала, Азербејџан: август, 7 –10, 2017
  • Дополнителна Програма, Шеки & Баку, Азербејџан: август, 11 – 13, 2017
  • 41ва Светска Извидничка Конференција (41st World Scout Conference), Баку, Азербејџан: август, 13-18, 2017
Апликацијата за учество како и повеќе информации можете да најдете на http://wsc2017.az/volunteers/call-for-volunteers/. Условите кои треба да ги исполнуваат волонтерите се:
        – да се постари од 18 години,
        – познавање на англиски јазик.
Крајниот рок за пријавување е 31ви мај 2017.