МОЖНОСТ ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА ФРАНЦИЈА

22719e1b87b578c065d91671115c88aaГодини наназад Сојузот на извидници на Македонија и Сојузот на извидници на Франција (Scouts et Guides de France) градат одлична соработка од која се произлезени голем број на кампови, тренинзи, размени на извидници, итн. Оваа година повторно се отвора можноста за еден извидник од Македонија да учествува во студиска посета на Сојузот на извидници на Франција и да работи и да се дружи тамошните извидници.

Студиската посета би започнала кон средината на месец Март и би траела 6 месеци, со седиште Париз во канцелариите на Сојузот на извидници на Франција. За време на престојот сите трошоци за превоз, сместување и хранарина ќе бидат покриени (околу 600 евра месечно, според проценките овој надоместок е повеќе од доволен).

Повикот е отворен за сите извидници на СИМ постари од 18 години со познавање на англиски јазик. 

Сите извидници кои сакаат да се пријават на овој повик потребно е најпрво да испратат мејл до sim@scout.org.mk и jane@scout.org.mk, најдоцна до 24.02.2017.

За повеќе информации, како и детално објаснување околу обврските и престојот во Франција можете да ја посетите канцеларијата на СИМ, секој работен ден.