Младите за своите заедници

Во изминатиот период Сојузот на извидници на Македонија започна со реализирање на нов проект, нова иницијатива, Младите за своите заедници.

Овој проект е поддржан од страна на Амбасадата на САД, а неговата цел е креирање на младинска иницијатива, односно, зголемување на младинската вклученост, која ќе се развива и ќе оформи платформа за младите која ќе продолжи да создава и реализира младински иницијативи и по завршувањето на проектот.

Првите неколку средби со младите од општините Струга, Дебрца, Охрид и Ресен, имаа за цел да ги запознаат младите со што е тоа младинска иницијатива и кои се начините на кои младите може да направат промена во своите заедници за да го подобрат квалитетот на животот во нивната околина.

Како дел од ова се планирани и други активности за кои наскоро ќе дознаете повеќе.

Previous Image
Next Image