МЛАДИНСКА АКАДЕМИЈА

mladinska akademija sojuz na izvidnici 2017

Во периодот од 13ти до 17ти Април 2017, во својот тренинг центар во Охрид, Сојузот на извидници на Македонија ја одржа својата прва младинска академија.

Учество земаа преку 60 млади од повеќе од 15 младински организации од Македонија. Младинската Академија е настан кој беше наменет за младите кои се активни во граѓанските организации и имаат желба да го надградат своето знаење за подобро водење и менаџирање во своите организации. Истата им овозможи да се стекнат со вештини кои се исклучително важни за повеќе сегменти од водењето на организација, водење на иницијативи или било каков процес за акција.

На овој настан младите имаа можност сами да си ја креираат својата програма и да изберат помеѓу 28 понудени тренинг сесии. Обучувачи на академијата беа докажани младински работници и тренери од Сојузот на извидници на Македонија, Националниот Младински Совет и Европскиот Извиднички Регион.

„Овој настан имаше за цел да ги развие капацитетите на младите за понатаму во своите младински организации и извидничките да го подобрат работењето, вклучат повеќе млади и навистина да придонесат повеќе кон развојот на општеството“,
изјави Горан Ѓоргиев, Генерален секретар на Сојузот на извидници на Македонија.

Младинската Академија е настан од проектот на Сојузот на Извидници на Македонија, „Извидниците за активно општество“, кој е финансиран од програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.