Author Archives: Goran Gorgiev

Каков извиднички центар сакам?

ицо4

Од 24 – 26.05.2019 во Извиднички центар Охрид се реализираше првата работилница насловена како “Каков извиднички центар сакам?”. Настанот беше наменет за млади и волонтери над 16 години кои сакаа да ги постават насоките на центарот во кој тој ќе се развива. Преку работилници и интерактивни сесии, учесниците имаа можност да развиваат програмски пакети кои ќе бидат понудени во центарот

Прочитај повеќе

Запознај ги скопските извидници

згск2

Заедно со тимот на „Запознај ги скопјани“ имавме еднодневна дружба каде се запознавме со дел од скопските одреди и извидници. Тие ги споделија своите искуства, авантури, кажаа што им фали, но и што им е најубаво во нашиот град и за извидништвото во Скопје. Тука можете да ги прочитате нивните приказни: Бојан од ИПО Галеб – „…Почнав на извидници негде

Прочитај повеќе

Вклучување во заедницата

ввз

Новата, 8-ма димензија на Извидничкиот Метод – Вклучување во заедницата. Вклучувањето во заедницата значи активно истражување и посветеност кон заедниците и поширокиот свет, поттикнувајќи поголема благодарност и разбирање меѓу луѓето. Терминот “заедница” се однесува на социјална единица чии членови имаат нешто заедничко. Извидничка заедница ги опфаќа оние во извидништвото (на пр. одред, регион, држава) или надвор од извидништвото (на пр.

Прочитај повеќе

Меморандум за соработка со Peace Corps North Macedonia

pc2

Сојузот на извидници на Македонија потпиша меморандум за соработка со Peace Crops North Macedonia. Двете организации со своите волонтери ќе работат на развој на заедниците и доближување на извидништвото до што е можно поголем број на млади луѓе на целата територија на државата.

Прочитај повеќе

Годишно Собрание на СИМ

sobranie

На 13.04.2019 година, во Извидничкиот Центар Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на извидници на Македонија. Усвоени беа годишните работни и финансиски извештаи, избран беше нов надзорен одбор и беа усвоени и направени неколку статутарни промени. Остатокот од викендот се искористи за поставување насоки за тековната година и консултација за изработка на политики, правилници и документација.

Прочитај повеќе

Trashtag challenge

екв7

По повод месецот на планетата Земја, Сојузот на извидници на Македонија ги предизвика своите одреди и поддржувачи да го реализираат актуелнито trashtag challenge. ИО Еквинокс Скаут го прифати предизвикот и успешно го реализираше истиот. Воедно, покрај успешно реализираната акција придонесоа кон подигање на еколошката свест кај граѓаните и се надеваме дека ова е одличен начин да се упати апел до

Прочитај повеќе

Една идеја, еден сон – една цел!

predavanje

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ во перидот од 5-7 април во извидничкиот центар “Голозинци“ во Општина Чашка, го реализираше првиот едукативен камп во рамките на проектот “Една идеја, еден сон, една цел! “. На овој камп, младите од извидничкиот одред “Димитар Влахов“, извидничкиот одред “Еквинокс“ и иницијативата на млади за формирање на одред од Чашка, работеа на креирање на упатства за

Прочитај повеќе

Ultimate Adventure Weekend – ИПО Галеб

56726454_2084022795044027_1871805403965161472_o

Од 17-19 Април, Извидничко Поречанскиот Одред Галеб реализираше одредски викенд во Демир Капија, заедно со спортскиот клуб Клисура. На викендот беа организиарни различни активности, како качување на природна карпа, планинарење во околината на Демир Капија, уживање покрај Копришкиот водопад и посета на црквата Св.Ѓорѓи Одличен викенд за одредот којшто воспостави силни темели на соработката помеѓу членовите и Спортскиот клуб Клисура.

Прочитај повеќе

Поздрав на пролетта

3

И оваа година, извидниците од ИПО Јадран пролетта ја дочекаа во нивниот извиднички дом во село Катлановска Брезица. Го искористија убавиот ден, се дружеа, прошетаа, играа различни игри, сложувалки, полигони на спретност и уживаа во сонцето!

Прочитај повеќе

Пролетна работна акција

13

Пролетна работна акција во бараката на ИО Методија Митевски – Брицо! Додека помалите извидници се погрижија за внатрешноста на бараката да биде чиста, патролата Диносауруси насади нова трева во дворот. Покрај тоа, одредија и тим кој постојано ќе се грижи за наводнување и одржување на овој нов тревник. Дополнително, го збогатија дворот на училиштето со разни пораки за почиста училишна

Прочитај повеќе
1 2 3 4 5 12