Тренинг за Последиците од Климатски Промени и Заштита на Животната Средина

Во Извидничкиот Центар Охрид од 7ми до 11ти септември се одржа Тренинг за Водачите на СИМ за Последиците од Климатски Промени и Заштита на Животната Средина. 

40 извидници и водачи од Сојуз на извидници на Македонија земаа учество во овој тренинг.

trening-za-klimatski-promeni-izvidnici-scouts-macedonia-4

Како инструктори на овој тренинг освен извидници волонтери од СИМ, земаа учество и експерти од еко сфератa, членови на здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ECO – LOGIC“.

trening-za-klimatski-promeni-izvidnici-scouts-macedonia

Учесниците имаа можност во текот на овие 5 дена да се запознаат со основите на тематиката која зборува за климатските промени и заштитата на животната средина и преку интерактивни работилници успешно да го зголемат своето знаење за јаглеродниот отпечаток, биодиверзитетот и алтернативните извори на енергија. Исто така, извидниците добија можност да се запознаат со чекорите на планирање на една извидничка активност која истовремено е забавна и е eco-friendly.

trening-za-klimatski-promeni-izvidnici-scouts-macedonia

Овој тренинг е првиот чекор кон креирање на млади водачи кои со своите активности ќе влијаат кон креирање на извидничка програма која понатаму ќе го обликува знаењето на малите извидници за климатските промени, кое е влијанието на човекот и како тоа да се подобри за да се создаде подобар свет.

Овој тренинг е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

trening-za-klimatski-promeni-izvidnici-scouts-macedonia