КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ДОБИВАЊЕ ЗНАЧКА

Публикацијата Климатски Промени – Предизвик за добивање значка е уште една публикација, односно предизвик дел од серијата на учебни и практични прирачници изработена од страна на Глобалната Алијанса на Младите и Обединетите Нации.

Првиот дел од изданието дава основни информации за тоа што се климатските промени, зошто се случуваат, како им штетат на екосистемите и на човековото здравје, на населените места и на економиите.

Вториот дел од изданието содржи наставна програма за значката, даден опфат активности и идеи за да се стимулираат извидниците и младите да учат и да се мотивираат да помогнат во заштитата на нашата клима.

Сојуз на извидници на Македонија дополнително креираше вештарство посветено на климатските промени со кое се добива овој беџ, а условите за добивање на истиот се дел од оваа публикација.

Публикацијата можете да ја симнете бесплатно од нашата веб страна со кликање овде и препорачуваме веднаш да започнете со активностите кои се запишани во истата.

Ви посакуваме многу нови научени работи за климатски промени, кои се надеваме дека ќе ве поттикнат и да се ангажирате и превземете акција.

 

klimatski promeni izvidnici veshtarstvo

Вештарство Климатски промени – Основно ниво

klimatski promeni izvidnici veshtarstvo

Вештарство Климатски промени – Напредно ниво

klimatski promeni izvidnici veshtarstvo

Вештарство Климатски промени – Експертско ниво

klimatski promeni izvidnici znachka predizvik

Климатски промени – Предизвик за освојување значка