Skip to content Skip to footer

Извиднички Центар Охрид

Извидничкиот Центар Охрид се наоѓа на излезот од Охрид, на стариот пат кон Струга, во населбата Далјан. Неговата местоположба е идеална бидејќи се наоѓа во мирен дел и е одалечен од центарот на градот Охрид на само 2 километри или 20 минутно пешачење.
Извидничкиот центар се простира на 32.500 квадратни метри, со многу зеленило и река во непосредна близина. Центарот располага со сопствена плажа од југо-западната страна на кампот, што ја прави идеална за целодневна посета бидејќи сонцето заоѓа доцна. Центарот е идеално место за млади и организирани групи кој нуди огромен број на забавни активности и едукативни работилници.

Капацитети на кампот:
Соби за сместување со сопствен тоалет и туш
На располагање за оваа сезона центарот имаше 94 легла во цврсти објекти од кои 15 соби со по 3 единечни кревети, 4 соби со по 4 единечни кревети, 7 соби со 1 единечен и 1 брачен кревет, и 6 соби со по 1 брачен кревет.

Спортски терени:
Центарот поседува сопствени асвалтирани мали терени за фудбал и кошарка со сите потребни реквизити. Терените се осветлени за време на вечерните часови.

Сали за работа:
Извидничкиот Центар Охрид нуди една голема конференциска сала (150 луѓе) и една мала сала за состаноци (30 луѓе). Салите се опремени со стандардна аудио-визуелна опрема и се звучно изолирани.

Исхрана:
Исхраната во кампот се одвива централно во мензата која има капацитет до 300 луѓе. Изборот на храната е според желбите на гостите. Дополнително кампот располага со бифе на самата плажа.

Дополнителна програма:
Во Извидничкиот Центар Охрид може да бидете корисници на разни извиднички програми како и да ги користете материјалите и опремата за истите (кајак, пловење и рафтинг, стреличарство, полигони, ориентациони патеки, едрење и слично).

*AКТИВНОСТИ


_______________________________________


Scout Center Ohrid is placed just outside of Ohrid, by the old road to Struga in the Daljan area. It’s location is perfect in many ways, mainly because it is in a peaceful area and is just 2 km away (20min walk) from the city center of Ohrid.
The Scout Center lies of 32.500 m2 with a lot of green areas and a small river flowing next to it. In the center there is a beach on the Ohrid Lake on the southwest side of the camp. which makes it perfect for a whole beach day, since the sun sets really late.
The center is an ideal place for youth and other organized groups of people which offers a space for amazing and fun workshops and activities.

Center’s capacity:
Scout Center Ohrid has 94 available beds to offer. They are in solid built objects and can be grouped in 4 ways, 15 rooms with 3 single beds, 4 rooms with 4 single beds, 7 rooms with one single and one double bed and 6 rooms with one double bed.

Sport terrains:
The center owns small football and basketball pitches, which are fully equipped and ready to use at any time, since they are lit during nights.

Conference halls/Working areas:
One big conference hall which fits up to 150 people and one smaller meeting and working area which is suitable for up to 30 people, make the center suitable for team buildings and working weekends. Both of them are fully equipped with standard audio-visual equipment and are sound proofed.

Food:
The food in Scout Center Ohrid is central in the center’s buffet and fits up to 300 people. Additionally the center has one more small café/buffet by the beach,

Additional activities:
In Scout Center Ohrid we believe that free time is always a good idea to have fun with some extra activities, which is why we have some prepared for you. You can kayak, raft and sail, work on your archery skills and many more activities which can be custom made for your needs.

*ACTIVITIES

ico1

ico2

ico4

ico5