IX коло од Извидничка лига – Есенски бакнежи, прегратки 2018

Во периодот 28 – 30.09.2018 г. во Шумското домче во Мала Река, на планината Китка, се одржа деветтото коло од Извидничката лига кое беше во организација на Првиот скопски извиднички одред, а беше наречено „Есенски бакнежи, прегратки 2018“.

29695214_763239060553550_7760254893480548832_n
Во ова коло учествуваа две категории на извидници, Истражувачи и Ровери, кои се дружеа и едуцираа на тема „Сексуална едукација, извидништво и рок&рол“, што воедно беше и соодветна тема, имајќи ја предвид нивната возрасна граница.

 

Во склоп на тридневното коло, извидниците помагаа и во средувањето на Шумското домче на Китка, правеа макети од маси и клупи за јадење кои потоа ги изработија и во реална големина, правеа нови скали кои водат до влезот на планинарскиот дом, пееја и свиреа рокенрол и учеа многу други извиднички вештини.

 

Овој викенд извидниците се натпреваруваа во дисциплините: чворови, тестови (извидништво, општа култура), панорамска скица, полигонски игри, стреличарство и палење оган.

 

На IX-то коло беа постигнати следните резултати:

• Категорија РОВЕРИ: Првото место го освои патролата на ИО „Мирко Милески“ од Кичево; второто место ѝ припадна на екипата составена од извидници од ИО „Скаут“ – Куманово и ИО „Феникс“ – Прилеп, додека третото место го освои патролата на ИПО „Јадран“ од Скопје;
• Категорија на ИСТРАЖУВАЧИ: Првото место ѝ припадна на патролата на ИПО „Галеб“ од Скопје, додека второто и третото место завршија во рацете на ИПО „Јадран“ од Скопје.
ПСИО им понудија на извидниците многу интересни моменти и искуства. Погледнете и самите!