I КОЛО ИЗВИДНИЧКА ЛИГА

Извидничката лига започна со првото коло, каде домаќин беше Извидничко Поречанскиот Одред Јадран, во извидничкиот дом во Катлановска Брезица. Тематската област за ова коло беше Treasure Hunt.

17 екипи во 3 категории се натпреваруваа во областа на ориентацијата, снаоѓање во природа на непознат тренер, решавање на загонетки, каде што клучна беше тимската работа.

ИЗВИДНИЦИ

Категоријата на извидници, во која спаѓаат извидници од 12 до 15 години, се натпреваруваше на 7 километарска стаза, каде најснаодливи беа екипите “Орли” и “Црни волци” од ИО Гоце Делчев кој ги освоија првите две места, а веднаш зад нив беа “The power of Japer” од ИО Мирко Милески.

ИСТРАЖУВАЧИ

Истражувачите и роверите имаа потешка задача при совладувањето на теренот и ориентирањето. Стазата беше долга 11,5км и за истата имаа временско ограничување од 5 часа за поминување вклучително и решавање на загонетките и материјалите за изработка како дел од стазата. Клучно во нивниот случај беше организацијата на времето, каде што дел од нив отидоа на дел од контролните точки, непоминувајќи ги другите, како би стигнале на време, додека други отидоа на сите други точки, влегувајќи со поени во минус. Споредено со резултатите, најдобра организација и реализација имаа “Каменковци” (ИО Браќа Миладиновци), кои го освоија првото место во нивната категорија. Заразлика од нив, “Охридски пастрмици” (ИЕО Пионир) и “Гемиџии” (ИО Димитар Влахов) беа на дел од контролните точки реализирајќи ги попатните активности и успеаа да освојат второ, односно трето место. Клучно за освојувањет на второто место на екипата од Охрид беше организацијата и пристапот при treasure hunt-от каде што беа далеку подобри од другите и резултираше со скок на листата за неколку места.

РОВЕРИ

Во категоријата на ровери, со слична реализација како “Каменковци”, првото место го освоија роверите од ИО “Феникс”, односно екипата “Старки”.

ГОСТИ

Како гости на настанот присуствуваа два одреди од Србија и истите се натпреваруваа надвор од конкуренцијата на извидничката лига.

Првото коло од извидничката лига беше организирано од ИПО Јадран со поддршка од Сојуз на извидници на Македонија и Civica Mobilitas.