ДЕН НА ИЗВИДНИЦИ

den na izvidnici scouts day macedonia

Сојуз на извидници на Македонија и оваа година организираше настан за младите извидници по повод Светскиот Ден на Извидниците. Овој ден е познат и под името Founder’s Day, односно Денот на Основачот на Извидништвото, Баден Пауел.

Настанот Ден на извидници, кој се одржа на 26ти февруари, започна на градскиот плоштад Македонија во Скопје, каде по постројувањето, настанот официјално започна. Извидниците продолжија со марш, односно хајк до Средно Водно.

den na izvidnici hajk do sredno vodno scouts day macedonia hike

На самата локација Средно Водно беа организирани работилници, активности и игри за извидниците. Извидниците имаа можност да научат да стрелаат, да ги тестираат своите можности на полигонот на спретност, па и да научат како да кријат пораки.

На настанот присуствуваа околу 200 извидници од сите извиднички одреди од Скопје.

Овој настан е поддржан од Civica Mobilitas.

den na izvidnici scouts day macedonia vodno