Category Archives: Настани

ИО „Феникс“ и Невладината АГТИС во „Експедиција нов простор“

45505010_10156983971036052_415565346045427712_n

Во четвртокот, 08.11.2018 година, во кино „Мис Стоун“ во Прилеп премиерно беше прикажан филмот „Експедиција нов простор“ кој извидничкиот одред „Феникс“ и невладината организација АГТИС од Прилеп го снимаа изминатите месеци на различни локации околу градот Прилеп. Овој филм кој е дел од проектот „Координати на културата – откривање нов културен простор“ беше финансиран од страна на Министерство за култура

Прочитај повеќе

Форум за Ровери 2018

Лого

Во периодот 30.11 – 02.12.2018 година во Извидничкиот центар Охрид ќе се одржи Форумот за Ровери 2018, како дел од прославата 100 години Ровери. Право на учество на Форумот имаат Ровери од 18 до 30 години.

Прочитај повеќе

Извидниците и „Вистински дела на љубезност“

45513366_2195563207399995_6854662247004766208_o

Извидниците од цела Македонија ја искористија приликата да донираат вкусно приготвена храна за оние на кои таа им е најпотребна. Во соработка со иницијативата „Вистински дела на љубезност“ во саботата беше донирана храната која остана од настанот кој тие го организираа во склоп на Европската извидничка академија 2018.  

Прочитај повеќе

Европска извидничка академија 2018 (30.10 – 04.11.2018)

Video

Во периодот 30.10 – 04.11.2018 во хотел „Континентал“ Скопје се одржа Европската извидничка академија на која учествуваа преку 200 млади и извидници од 40 европски земји.

Прочитај повеќе

ПСИО – „Ти си атрАКТИВЕН“

45102749_463913244099702_7912727066712211456_n

Првиот скопски извиднички одред со поддршка на Секторот за образование при Град Скопје во текот на 2018 година веќе реализираше голем број активности и предавања во средните училишта на територијата на Град Скопје како дел од Проектот „Ти си атрАКТИВЕН“. Во месец октомври тие ги посетија следните средни училишта: СУГС „Димитар Влахов“ СУГС „Панче Арсовски“ СУГС „Владо Тасевски“ СУГС „Орце

Прочитај повеќе

МАМАСФУД ДОО – спонзор на Европската извидничка академија 2018

DSC_1771

МАМАСФУД ДОО со спонзорство на Европската извидничка академија 2018. Од оваа компанија решија своите вкусни традиционални производи да ги претстават пред повеќе од 200 учесници од 40 земји од Европа, овозможувајќи му на секој учесник да си понесе мал „зачинет спомен“ од Македонија.

Прочитај повеќе

Успешно реализирана Школата за водачи “Зелениот Еди XII“

44593799_1751024451690174_4855359557741838336_n

Според глобалната стратегија за обука на кадри на СИМ, извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес успешно ја организираше Школата за водачи на патроли „Зелениот Еди XII“. Оваа Републичка школа за обука на водачи се организираше во периодот 18 – 21.10.2018 година, во Извидничкиот центар „Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка.

Прочитај повеќе

Претседателот на РМ, г. Ѓорге Иванов на СИМ му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ за време на свечено отворање на Европската извидничка академија 2018

45156007_10156021127136158_756824961846345728_o

Оваа 2018 година, Сојузот на извидници на Македонија ја има честа да биде домаќин на Европската извидничка академија која се одржува во Скопје, во хотелот „Континентал“, во периодот од 30 октомври до 4 ноември, а на која учествуваат повеќе од 200 луѓе од 40 земји во Европа. Академијата е уникатен извиднички и водечки настан, дизајниран за да им пружи на

Прочитај повеќе
1 2 3 4 5 12