Camp Me In – Младински инклузивен камп

Сојуз на извидници на Македонија заедно со Центар за младински активизам КРИК во периодот од 16ти до 21ви Јули 2019 во Извидничкиот Центар Охрид ги имплементираше младинските инклузивни кампови.

Камповите траеја 6 дена (5 ноќевања) и вклучуваат малди лица со и без попреченост.

Утринскиот дел од програмата се состоеше од едукативни активности на тема превенција на меѓуврсничкото насилство, мировен дијалог и емоционална интелигенција, додека попладневниот ден од програма се состоеше од активности на отворено имплементирани од извидници од Франција.

Учесниците работеа поделени во групи од 5 лица. Групите беа водени од 1 млади лице кое има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 2 лица со попреченост и 2 лица со типичен развој.

Со оваа група на учесници работат 8 лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, 4 младински работници и 2 координатори на програмските активности.

Програма на кампот се состоеше од:
-Активности за градење на група;
-Локални и регионални вечери;
-Активности на отворено (пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
-Работилници каде се користеа методите на неформално образование;
-Посети на локалните места во Охрид;
-Интересни и забавни активности.

Младинските инклузивни кампови беа финансиски поддржани од Државна Видеолотарија на Македонија и HASELT. За време на камповите учесниците добија очила за сонце и лепези од Државна Видеолотарија на Македонија.

66847778_1781651938645908_7479738691909320704_n

67105132_1781691235308645_214065563784183808_n

67225804_1781647868646315_5712222322320998400_n

67403724_1781734848637617_5148685869640581120_n