Билтен бр.1 – ЗЛЕТ 2017

Оваа година Сојузот на извидници на Словенија ја организира својата 15та Смотра, ЗЛЕТ 2017, а Сојуз на извидници на Македонија е поканет да учествува на оваа смотра со свој контингент.

Водач на македонскиот контингент на извидници на ЗЛЕТ2017 ќе биде Благојче Секулоски, извидник од ИО „Мирко Милески“ од Кичево.

Во Билтен бр.1 ЗЛЕТ 2017 се објаснети сите информации за организацијата на смотрата како и пријавувањето за учество на оваа смотра, било тоа како учесник или пак волонтер (STAFF).

Прочитајте го билтенот тука, а ако имате екстра прашања, слободно исконтактирајте не!

Контакт личност:
Благојче Секулоски