За нас

994349_586366314758594_757539311_nСојуз на извидници на Македонија е невладина организација која на територијата на Македонија своите први почетоци ги бележи уште далечната 1921 година, а обликот на денешната организација за прв пат датира од 1953 година.До денес низ нејзините редови имаат членувано повеќе илјадници млади луѓе кои се грижат за правилно воспитување и образование на децата и младите. Денес Сојузот на извидници на Мекедонија функционира на речиси целата територија на Р.Македонија, со 14 активни извиднички одреди. Настојуваме со извидничкиот метод и неформална едукација да се наметнеме на младите како вистинска организација во која младите ќе го пронајдат своето место и ќе го истакнат својот карактер, активно вклучуваќи се во опшеството донесувајки одлуки кои го прават светот подобро место за живеење. Извидничката организација како во светот така и во Македонија е најбројното невладино движење со кое активно се вклучени над 28 000 000 млади луге. Во континуитет од над 100 години сме единственото движење кои опстојало и успеало да оствари придобивки за младите кои вистински се вреднуваат и согледуваат.

60 години СИМ

Извидничкиот метод е резултат на високо професионални едукативни истражувања и долгогодишно искуство. Низ програмата која ја спроведуваме опфатени се сите потреби и актуелни проблематики кои ги засегаат младите. Повеќе од 55 години представуваме смерница за младите во Р.Македонија, 55 години успешно создаваме поинаква слика за светот, 55 години сме горди зошто сме успеале во тоа и уште толку години сигурно ќе настојуваме за истото.