9 начини како извидниците развиваат емпатија

Една нова анкета открива – 9 од 10 возрасни веруваат дека извидниците им помагаат на младите луѓе да развијат емпатија. Но, како се случува сето тоа?

Fb com

Едноставно кажано, емпатијата е способност да се влезе во туѓа кожа; тоа значи да го разберете не само она што некој го мисли, туку и она што другиот го чувствува. Еве девет практични начини на кои ние, извидниците, развиваме емпатија:

1. Здружувајќи ги луѓето

Од самиот почеток, извидништвото било поврзано со зближување на луѓето од различни култури, вери и социјални слоеви. Кога работите, готвите и си играте со луѓе кои се поинакви од вас, вие стекнувате способност подобро да ги разберете другите.

 

2. Поддржувајќи ги заедниците

Низ годините, извидниците се дел од различни проекти за поддршка на ранливи групи на граѓани. Според истражувањата кои биле спроведени, извидниците им помогнале на другите и истовремено ги развиле своите способности за емпатија.

 

3. Волонтирајќи

Голем број  млади на возраст од 14 до 18 години ги стекнуваат своите први искуства во волонтерството како млади лидери, помагајќи во планирањето и водењето на игри и активности за млади извидници. Давајќи дел од своето слободно време за да им се помогне на другите е можеби најмоќниот начин да се изгради емпатија. Се работи за да тоа да откриете каква поддршка им е потребна на другите, а потоа да ја дадете таа поддршка на најсоодветен и чувствителен начин.

 

4. Присуствувајќи на меѓународни настани

Светските извиднички смотри и други меѓународни настани се неверојатни можности каде извидниците можат да го поминат своето време и да споделат искуства со различни видови на луѓе. Прославувањето на нивните разлики и откривањето на она што им е заедничко е неверојатно моќно. Тоа им помага на извидниците да развијат емпатија која ќе ја понесат со себе во текот на целиот свој живот.

 

5. Работејќи во тимови

Една од клучните вештини кои ги развиваме е тимската работа, односно способноста да работиме заедно кон заедничка цел. Нешто едноставно како заедничко градење сплав и веслање низ езеро помага да се развијат чувствата на соработка и емпатија. Разбирајќи ги силните и слабите страни, способностите и различните нивоа на доверба, извидниците работат заедно како тим за да успеат во своите цели.

 

6. Поддржувајќи се меѓу себе

Основачот на извидништвото, Роберт Баден-Пауел, еднаш рекол: “Извидникот е пријател на сите”. Секој извидник дава завет дека ќе им помага на другите луѓе, а прашувајќи како другите луѓе се чувствуваат и нудејќи им поддршка, тој и практично ја применува емпатијата.

 

7. Живеејќи со нашите вредности

Горди сме што живееме според нашите вредности на интегритет, почит, грижа, верба и соработка. Третирајќи ги другите онака како што сакаме нас да нѐ третираат е еден од најдобрите начини како да ги научиме на емпатија младите луѓе. Да се ​​размислува како се чувствуваат другите поради нашите постапки е една од скапоцените лекции што ги учат извидниците.

 

8. Развивајќи се како лидери

Емпатијата е една од најважните вештини кои може да ги поседува еден лидер. Од шестгодишната возраст, младите во извидништвото имаат можност да ја развијат способноста за лидерство и да преземаат одговорности. Поврзувањето со луѓе на емоционално ниво, поставување прашања и идентификување на она што ги прави луѓето да реагираат, е клучот за да се биде успешен лидер.

Се работи за тоа дека сé има две страни – што му е потребно на тимот и што е она што го сака поединецот. Изнаоѓањето на улога или задача што значајно ги задоволува и двете страни е патот кој води кон успех.

 

9. Имајќи обѕир кон другите 

Понекогаш не размислуваме доволно за нашите мисли и постапки. Отфрлањето на нечии чувства, велејќи им “Премини преку тоа!” или користењето сарказам може да ги повреди туѓите чувства и да ја наруши нивната доверба. Како извидници, ние размислуваме за туѓите чувства пред да кажеме нешто.