50 години Извиднички Одред Методи Митевски – Брицо

Извидничкиот одред „Методи Митевски – Брицо“ од Скопје континуирано функционира од 1962 година до денес. И ако добро избројавте оваа година прославува еден голем јубилеј…

50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ !!!

Извидничката Основната Програма има за цел да придонесува во развојот на младите луѓе и достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на локалната, националната и меѓународната заедница.

т ло

Ако нешто пропуштивте или не сте знаеле во досегашното постоење и активно делување на извидничкиот одред биле вклучени повеќе од 3,000 деца и младинци (веќе оформени личности) од кои во разните извиднички натпреварувања имаме освоено преку 50 први места на ниво на град Скопје, триесетина први места на републичко ниво и осум први места на ниво на поранешна Југославија.

За ваквиот придонес во активностите на извидниците и учеството во развивање на локалната заедница, одредот е добитник на 13то Ноемвриската награда на град Скопје во 1996 година… има уште многу детали за кои ќе дознаете кога ќе дојдете на прославата…

Да дојде време да го прославиме сево ова и да им одадеме почит на луѓето кои се заслужни за формирањето, развитокот и напредокот на одредот. Поканата е упатена до сите некогашни членови на одредот како и сите негови подржувачи.

дата: 29-ти Септември
време: 19ч
место : О.У. Кузман Јосифовски – Питу (извидничката барака)

слободно поканете ги сите членови кои во брзањето и организациониот виор ненамерно ги заборавивме…

BRICO FOR LIFE !!!

p.s. останете на штрек за понатамошни информации околу програмата за прославата, некои интересни слики, коментари други интересни нешта…

извидници ЗДРАВО !!!