Skip to content Skip to footer

Извидниците од секогаш биле активни чинители во нивните заедници и така ќе остане во периодите кога е најпотребно. Ви благодариме за целосната посветеност и искрената работа на сите Вас кои придонесувате во поддршка на младите луѓе ширум државата.

Како експерти во областа на развивање на вештини и овозможување на охрабрувачка средина за нови искуства за децата и младите луѓе, наша обврска беше да направиме чекор и да го направиме тоа што знаеме најдобро – а тоа е континуирана едукација на децата и младите и нивна поддршка.

За таа цел, Сојуз на извидници на Македонија Ви го преставува 30-дневниот предизвик за сите извидници, но и за сите останати деца и млади кои сакаат квалитетно да го пополнат своето слободно време. 30-дневниот предизвик се случи во периодот од 28 март до 27 април, каде успешно учествуваа повеќе од 600 деца и млади ширум целата држава.

За крај, би сакале да Ви се заблагодариме повторно. Во овие времиња на предизвици, нашето извидничко движење и вредностите кои ги делиме не прави посилни и поспремни да се справиме со предизвиците.

 

Во прилог, имате можност да ги проследите сите 30 предизвици:

Предизвик #1 – Earth Hour

Предизвик #2 – Замок од ќебиња

Предизвик #3 – Кул заштитна маска

Предизвик #4 – Палачинки

Предизвик #5 – Маски за 1-ви Април

Предизвик #6 – Магичен вулкан

Предизвик #7 – Семафор

Предизвик #8 – Обележувач за книги

Предизвик #9 – Неделен план на здрава исхрана

Предизвик #10 – Мини бивак

Предизвик #11 – Фут-марама

Предизвик #12 – Физички вежби

Предизвик #13 – Држач за марама (Woggle)

Предизвик #14 – Глума

Предизвик #15 – Оригами

Предизвик #16 – Знаковен јазик

Предизвик #17 – Сезнајко

Предизвик #18 – Брзозборки

Предизвик #19 – Извидничко Бинго

Предизвик #20 – Велигденски јајца

Предизвик #21 – Тетра-куќички

Предизвик #22 – Вселенско летало

Предизвик #23 – Приказна со сенки

Предизвик #24 – Шифрирано писмо

Предизвик #25 – Терариум

Предизвик #26 – Прва помош и заштита

Предизвик #27 – Кореографија

Предизвик #28 – Култура ден

Предизвик #29 – Vision Board

Предизвик #30 – Пламен се дига