23та Европска Извидничка Конференција

Од 24-28 Јули во Сплит се одржа 23та Европска Извидничка Конференција. Уште еднаш покажавме зошто бројни волонтери работат секојдневно на проширување на извидничката мисија, 365 дена во годината.
Повеќе од 500 делегати работеа напорно 5 дена, предлагајќи измени, коментирајќи и дискутирајќи со цел да се создадат најдобри можни услови за развој на извидничкото движење. Нашиот сојуз беше претставен од претседателот Огнен Стефановски, генералниот секретар Владимир Костовски и Срна Мајсторовиќ. Исто така, Павел Пападимитров и Никола Уневски од извршната канцеларија беа дел од волонтерите кои работеа на успешната реализација на овој настан. Бројни состаноци резултираа во договор за голем број на заеднички активности и развој на соработката со сојузите во Европа.
А како најважно на Конференцијата, би го издвоиле изборот на новиот Европски комитет, каде Јулијана Даскалов беше реизбрана за член на истиот.
Им посакуваме среќа на новоизбраните комитети во наредниот период и им се заблагодаруваме на нивните претходници за нивната посветеност и напорна работа и loveубов кон најголемата младинска волонтерска организација во светот.

68989568_2327229734056664_3131210452193771520_n

69043962_2327226244057013_8796561057679147008_o

69322115_2327225024057135_3707336849883136000_o