12-та Извидничка смотра собра на едно место 1.200 млади од Македонија и светот

Во периодот 14-22.07.2018 во Охридското село Скребатно се одржа 12-та Извидничка смотра, на која учествуваа 1.200 млади од Македонија и светот.

кампови
37109733_1318070584989533_1133143867403534336_o

Извидници од Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Израел, Македонија, Молдавија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Франција, Хрватска, Црна Гора и Чешка се дружеа и учеа нови вештини, но имаа и можност да се запознаат со преубавата живописна природа на селото Скребатно кое се крие во падините на прекрасната Галичица, во непосредна близина на манастирот „Света Богородица“. Нуркаа и пливаа во водите на Охридското Езеро, ги посетија Струга и Охрид и се воодушевуваа во убавиот поглед на езерото Глобочица.

За време на свеченото отворање на 12-та Извидничка смотра, 15.07.2018, свое обраќање до присутните имаа Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, амбасадорот на САД во Македонија, г. Џес Бејли, како и францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Секако, овој датум не помина без следење на Светското финале во фудбал, па надалеку можеше да се чуе гласното навивање на извидниците, секој за својот фаворит.

37142658_1319853768144548_5897879177113108480_o

37232319_1319823121480946_7230552355912024064_o

За време на целиот овој период, младите и извидниците од Македонија и ширум Европа имаа можност да се дружат меѓу себе, да запознаат различни култури и традиции и секако да си заминат со убави сеќавања и познанства кои траат цел живот. Сето тоа беше реализирано преку богата програма и разнолика листа на активности, кои ги продлабочија извидничките способности и вештини, дел од нив на копно, а дел од нив во и на вода, пружајќи им незаборавни искуства и на оние кои учествуваа во истите, но и на оние кои ја следеа ваквата дружба.

37089619_1318067584989833_8284255546136068096_o

37596209_1326496100813648_2804451165675192320_o