12та Македонска Извидничка Смотра

Почитувани извидници еве конечно и првата информација за одржување на 12-та Смотра на СИМ.
Токму со овој прв допис до сите вас сакаме да ве запознаеме со првите информации и
детали во врска со одржување на смотрата.
По оваа информација во иднина како ќе се добиваат нови информации во врска со
организацијата на Смотрата, така и вие за истите навремено ќе бидете информирани.

Смотрата е наголемиот настан кој го организира еден сојуз. Представува голем собир на извидници во еден камп кои во тек на една недела живејат заедно и го искусуваат
извидничкиот живот. Смотрите се организираат на 5 години, и покрај на национално ниво се организираат и на светско ниво каде учествуваат повеќе од 40 000 извидници.
Смотрата е уникатно извидничко доживување кое е задолжителна авантура за секој
извидник. На Смотрите се стекнуваат нови пријателства, искуства, вештини и се создаваат спомени кои трајат вечно.

 

SLIKA SMOTRA

Како и што гласи мотото на 12тата Смотра на СИМ, овој настан е Бескрајна приказна која се пренесува од генерации на генерации, славејки го извидниќкото движење и имајки незаборавни искуства и моменти со 1000 извидници од сите делови на Македонија и Европа.

Овде можете да го најдете првиот билтен со првичните информации.

Smotra 2018 (draft invitation)