10та СМОТРА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА ХРВАТСКА

Оваа година Сојуз на извидници на Хрватска ја организира својата јубилејна 10та Смотра, на која ќе учествуваат извидници од цела Хрватска и соседните држави и пошироко.

Извидниците на оваа смотра ќе имаат можност да се запознаат подобро со извидничкото движење преку учество во забавни работилници кои се дел од програмата.

Смотрата ќе започне на 24ти јули, а ќе трае до 2ри август 2017 година. Локацијата на смотрата е Камање, Хрватска, 76км западно од Загреб.

Темата на оваа смотра е 10 ИЗВИДНИЧКИ ЧУДА, па извидниците и истражувачите ќе ги откриваат 10те чуда преку работилници, активности, авантура, спортски натпреварувања, предизвици и слично.

За повеќе информации околу пријавувањето, котизацијата и целата организација на настанот разгледајте го билтенот кој можете да го најдете на крајот на овој пост.

Крајниот рок за пријавување за оваа смотра е 30ти јуни 2017.

Посетете ја официјалната веб страна на смотрата за да најдете повеќе информации околу организацијата и програмата на смотрата.

Водач на контингентот на СИМ за оваа смотра е Зоран Костоски од ИЕО Пионер. (е-маил: zoran_kostoski@hotmail.com ; тел: 078/897-205)

 

Билтен на Контингент на СИМ за 10та Смотра на Сојуз на извидници на Хрватска  Билтен на Контингент на СИМ за 10та Смотра на Сојуз на извидници на Хрватска Билтен на Контингент на СИМ за 10та Смотра на Сојуз на извидници на Хрватска  Билтен на Контингент на СИМ за 10та Смотра на Сојуз на извидници на Хрватска