Школа за водачи 2019

Во периодот од 21-28 Јуни, 28 извидници од 11 одреди се дел од тренингот за водачи на патроли како дел од проектот “Healthy growth of Scouting”.

Извидништво, историја, комуникација, методи на работа, решавање проблеми, ориентација и тимска работа, беа темите опфатени во првите неколку дена ✅

На средината на тренингот, патролите заминаа во авантура, хајкуваа неколку километри до с.Рамне, каде поставија и научија како правилно да изберат место за камп, како да применат ППЗ и како да се однесуваат во природа.

Наредниот ден, патролите имаа можност да ги претстават своите вештини и наученото на најкреативен начин во Натпреварот за готвење, по што следуваа сесиите за остри алати, палење оган и јазли.

Последниот ден, учевме за планирање и како треба да испланираме еден наш состанок или месечна програма, а школата ја завршивме со логорски оган покрај Охридското Езеро.

64915401_2384212108307330_5861765545900113920_o

64932026_2384184671643407_5881858090105569280_o

65144616_2384179971643877_8848377986974482432_o

65395386_2396465710415303_6001845131165040640_o