Школа за водачи 2019

28 извидници од 11 одреди беа дел од тренингот за водачи на патроли како дел од проектот “Healthy growth of Scouting”, во Извидничкиот Центар Охрид од 26 јули до 1 август.

Извидништво, историја, комуникација, методи на работа, решавање проблеми, ориентација и тимска работа, беа темите опфатени во првите неколку дена. На средината на тренингот, патролите заминаа во авантура, хајкуваа неколку километри до с.Рамне, каде поставија и научија како правилно да изберат место за камп, како да применат ППЗ и како да се однесуваат во природа. Наредниот ден, патролите имаа можност да ги претстават своите вештини и наученото на најкреативен начин во Натпреварот за готвење, по што следуваа сесиите за остри алати, палење оган и јазли. Последниот ден, учевме за планирање и како треба да испланираме еден наш состанок или месечна програма, а школата ја завршивме со логорски оган покрај Охридското Езеро.

62236528_2396465667081974_7626489572565712896_n

65318923_2388127634582444_609809476844781568_n

65557790_2390899117638629_7094739146345807872_n

65815098_2396464267082114_5044308169958883328_n