Членство

Член на Извиднички одред во состав на Сојузот на Извидниците на Македонија може да стане секој жител на Република Македонија, со потпишување на пристапница, давање Завет, прифаќање и спроведување на Програмата на Сојузот, работење по Извидничките Закони, почитување на одредбите на овој Статут и активно учество во работата на својата единица и Организацијата.

dada

Малолетно лице со наполенети 14 години се зачленува во Извидничките одреди во состав на Сојузот преку потпишана изјава за согланост за членство од нивниот законски застапник.
Прием на нови членови се врши во организационите единици на Сојузот.
Според возраста, членовите на Извидничката Организација се поделени во пет категории и тоа:
а) развигорци – од 7 до 11 години ( од прво до петто одделение во О.У.);
б) помлади извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 12 до 15 години (од шесто до девето одделение во О.У.);
в) извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 16 до 18 години (средно образование);
г) истражувачки и истражувачи – од 19 до 24 години;
д) сениори и сениорки – над 24 години (активни водачи, поддржувачи, пријатели на организацијата и почесни членови).
Заеднички назив на сите членови на Сојузот е ИЗВИДНИК.
На англиски јазик назив за сите членови е SCOUT.
Членството во Сојузот престанува доброволно или со исклучување, кое е регулирано со посебен Правилник.

Членовите на Сојузот ги имаат следните права и обврски:
– да ја спроведуваат Програмата и да го применуваат Статутот на Сојузот и да учествуваат во активностите на својата единица и Сојузот,
– Во зависност од возраста, а во согласност со Законот за здруженија и фондации, Статутот и Статутот на единицата, непосредно учествува во одлучувањето самостојно или преку своите преставници,
– Во зависност од возраста, а во согласност со Законот за здруженија и фондации, Статутот и Статутот на единиците , да бираат и да бидат бирани во органите на Сојузот,
– Со својата работа и активности да придонесуваат во остварувањето на целите и задачите на сојузот
– Да го развиваат и чуваат угледот на системот на извидништвото,
– Да користат средства и услуги на Сојузот, како и придобивките кои државата и други институции и организации ги обезбедува за членовите на Сојузот,
– Да користат стручна и друга помош од Сојузот,
– Редовно па плаќаат членарина,
– Да ја носат униформата и ознаките на Сојузот за време на извидничките активности, во согласност со правилникот за униформи и ознаки на Сојузот,
– Да бидат навремено и потполно информирани за работата и активностите на Сојузот,
– Да ги исполнуваат обврските утврдени со овој Статут и со другите општи акти на Сојузот,
– Да ги почитуваат донесените одлуки и заклучоци на органите на сојузот и
– Членовите на единиците кои вршат раководни должности во Сојузот покрај наброените права и должности имаат обврска посебно да се грижат за децата кои им се дадени на доверба, а посебно за нивното здравје и безбедност.

Членовите на Сојузот активностите ги спроведуваат преку:
а) работни единици
– јато (работна единица на развигорци)
– патрола (работна единица на помлади извидници)
– клуб (работна единица на извидници)
б) основни единици
– дружина (развигорци, помлади извидници и извидници)
– посада (поречани и езерци)
в) организациони единици
– извиднички одред (Листа на одредите е достапна на оделот – Одреди во под мени на оваа мени)