Хајк и еко-акција на ИО „Мирко Милески“ на Илиница

Почетокот на месец октомври, убавото сончево време беше доволна мотивација за извидниците од извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево да се искачат по планината Илиница во близина на нивниот град, но и да го исчистат ѓубрето кое зад себе го оставаат несовесните граѓани.

43509433_2127681700609462_303583286507077632_o


Убавата глетка кон Кичево од Илиница не е тоа што е, доколку насекаде околу вас гледате расфрлани хартии, опаковки од ужини и пластични шишиња. Сакајќи барем малку да придонесат кон почиста околина во нивното родно место, но и да дадат позитивен пример за тоа како луѓето треба да се однесуваат кога се во посета на природата, извидниците ги собраа отпадоците, кои потоа беа фрлени на соодветно означените места, а зад себе (да се надеваме на подолг временски рок) оставија чиста природа и околина каде Кичевчани и посетителите од другите места во Македонија ќе можат да уживаат во малкуте топли есенски денови пред снегот да ги покрие падините на планината Илиница.

43398207_2127678423943123_7475657068523814912_o 43425677_2127690810608551_5649668202418929664_n43453349_2127690673941898_8466321378771992576_o

43425688_2127691103941855_2974093405975478272_o Како што велат младите од ИО „Мирко Милески“: „Собери си го ѓубрето, не оставај да ти го собираат други!“