Форум за Ровери 2018

Во периодот 30.11 – 02.12.2018 година во Извидничкиот центар Охрид ќе се одржи Форумот за Ровери 2018, како дел од прославата 100 години Ровери. Право на учество на Форумот имаат Ровери од 18 до 30 години.

Лого

Мотивирани од позитивните практични примери од локалните средини, но и глобално од визијата за развој, одлучивме фокусот на овогодинешниот Форум на Ровери да биде запознавање на оваа категорија со „Целите на одржлив развој“. Преку програмата на Форумот, Роверите ќе имаат прилика да се запознаат со концептот и идејата на Целите за одржлив развој, нивните специфики, но и начините на кои можат да ги интегрираат во извидничката програма и да ги применат преку конкретни активности.

Пријавувањето е најдоцна до 15.11.2018 г. со пополнување на Google формата: https://goo.gl/forms/QKsli1mTZRpiO9WK2

Елаборат - Форум на Ровери 2018-1 Елаборат - Форум на Ровери 2018-2