Форум за младинска програма

Форумот за младинска програма ќе ги собере клучните претставници во полето на младинската програма од извидничките одреди во Р.Македонија поканувајки ги воедно и водачите и тренерите од одредите.

Од 9 до 11 Мај учесниците ќе дискутираат за инднината на кој начин извидништвото ќе се спроведува кон нашето членство, каква едукација ќе нудеме на младите и како ќе останеме релевантни и атрактивни во исто време.

Овој настан ќе обезбеди елементарна подршка при процесот на Обновениот пристап кон програмата (RAP) и подготовката на смерниците упатствата за водачите во организацијата како и ќе ги зајане тимовите кои работат по возрасни категории преку вклучување на нови членови во тимовите и обезбедување квалитетни забелешки и насоки.

Во прилог е агендата од настанот:

Саатница за Форум за Извидничка Програма

Настанот е дел од проектот „Changing by learning“ кој го спроведува Сојузот на извидници на Македонија, а е подржан од програмата “Messengers of peace” на Светската организација на извидничкото движење (WOSM) и Светската извидничка фондација.