Тренинг за тренери 2019

Во периодот 15-18.08.2019 год. се одржа Тренинг за тренери во организација на СИМ и тоа во извидничкиот центар “Крсте Јон“ во Струга, на кој учество земаа извидници од Скопје, Штип, Куманово, Кичево и Прилеп. Тренингот е дел од новата тренинг рамка на Сојуз на Извидници на Македонија и претставува продолжение на школата за водачи и најава за престојната инструкторска школа во октомври.
На тренингот, учесниците имаа можност да развијат нови и да ги зајакнат веќе стекнатите тренерски вештини, методи на конструктивна критика, методи на тренинг, планирање/имплементирање на тренинг и евалуација. Тие исто така се запознаа со различните стилови на учење и со тоа како различни карактери, различни луѓе имаат различни начини на учење кои се ефективни за нив, што им помогна на извидниците да сфатат како полесно да го пренесат своето знаење на нивните патроли. Понатаму водачите се здобија со знаење во областа на презентацијата, вербалната и невербалната комуникација и подготовка на програма за тренинг/обука. Тренингот беше наменет за моменталните водачи, учесниците на школата за водачи, како и активни извидници, волонтери на локално и/или национално ниво. Раководител на тренингот беше Јордан Бајрактаров – истакнат член на светската извидничка организација (WOSM). Дваесет учесници беа дел од “Тренингот за тренери” и преку активно следење и практична работа се здобија со повеќе знаење во областа на дизајнирање на обука и техники на презентација, комуникација и уште многу други теми кои ќе им овозможат да бидат подобри водачи и да го пренесат своето знаење и на помладите генерации!

69394632_3677246102346025_2919123481058607104_n

69418920_3677247342345901_4062545797906956288_n

struga3-1024x649