Тренинг за тренери – Мировен дијалог, Мадрид 2017

17918282_10212698653362380_553725195_n

Мирот и конфликтот се силно вкоренети меѓу индивидуите. Разбирањето на конфликтот е првиот чекор при истражување на разни начини за градење мир.

Тренингот за тренери на тема „Мировен дијалог“ собра 30 извидници од 15 држави од Европа во Мадрид со единствена цел, обучување на тренери кои ќе ја шират мисијата на извидниците и ќе се стремат кон градење на подобар мировен дијалог.

Во време и околности кога некои луѓе се оставени надвор од кругот, ние секогаш можеме да избереме пат и начин како да ги вклучиме сите, да научиме како да слушаме и разбираме едни со други.

Од Сојуз на извидници на Македонија на овој тренинг беше присутна Снежана Јанковиќ, Началник на ПСИО и дел од старешинството на СИМ.