Skip to content Skip to footer

Од 14-17.02.2020г. претставници од ИО ,,Молика“- Битола (Илија Василевски), ИО ,,Сидро“- Скопје (Марјан Тодев и Горан Ј.) и ИО Виница (Дарко Костадинов) присуствуваа на Тренингот за нови старешини во Суто Море во организација на Сојузот на извидници на Србија, а во соработка со Сојузот на извидници на Црна Гора.

На тренингот покрај зајакнатата соработка помеѓу нашите претставници и одреди од Македонија, се отворија можности за соработка и конкретни и со извиднички одреди од Србија и Црна Гора, како и со инструкторите од Сојузот на извидници на Словенија. Исто така, беа развиени неколку идеи кои би можеле да се доразвијат во иднина.
Примарно, се формираше група од 10 претставници од Извиднички одреди од Србија, Црна Гора и Македонија, кои работиат во училишта за да можат понатаму да развиваат разни модели на поврзување на формалното (училишно) и неформалното (извидничко) образование.
Секундарно, се разговараше дека за унапредување и олеснување на соработката на извидничките одреди и сојузи на Западен Балкан, неопходно е да се вклучат политиките за младите во т.н. Мини Шенген на Србија, Македонија и Албанија, а на последниот состанок се приклучи и Црна Гора. На овој начин ќе се најдат механизми за олеснување и динамизирањее на соработката на младите, а извидниците како најбројни младински организации можат да ја одиграат оваа лидерска улога.
И претставници од Светската Извидничка Организација спомнаа дека во наредниот период ќе има поголеми средства за засилување на работата на Сојузите на државите од Западен Балкан, па затоа е добро да се поттикнат иницијативи за меѓусебно поврзување.
85156159_2680901102016708_4921028761589121024_o 86729609_2680900875350064_1376364150229303296_o