Тренинг за подготовка на проектни апликации и вмрежување на млади

Од 28 до 30 Март 2014 година во хотел САН НИКО во Пробиштип се одржа Тренингот за подготовка на проектни апликации на кои се вмрежија 25 учесници од 9 извиднички одреди.

Настанот  ги вмрежи младите извидници од различни одреди преку  креирање заеднички активности и  ги оспособи за подготовка  на проектна апликација.

На овој  настан учесниците се здобија со вештини за изработка на проектна апликација,  се запознаа со методите и вештините за правилно изразување и преку заедничка работа изготвија неколку апликации за младински иницијативни во локалните заедници.  Учесниците беа силно мотивирани и се очекува нивните апликации да ги доработат во наредниот период по што ќе се аплизирааат со цел да се подржи имплементацијата на нивните иницијативи.

Дополнително учесниците се запознаа со можностите кои можат да ги искористат и тековните проектни повици како и со програмата “Messengers of peace”.

Настанот е дел од проектот „Changing by learning“ кој го спроведува Сојузот на извидници на Македонија, а е подржан од програмата “Messengers of peace” на Светската организација на извидничкото движење (WOSM) и Светската извидничка фондација.

WP_20140322_003WP_20140329_001

 

WP_20140330_011

WP_20140329_014WP_20140329_010